рефлексии

јануари 11, 2010

агресија

Зачувано под: лично — gersanina @ 2:04 am and

Не сум агресивна,

но… ја мавам тастатурата за ова писание, го дишам воздухот терајќи молекули каде сакам, кога зборувам им ги мавам ушите на слушателите со механички бран, кога одам, пливам, летам, средините пружаат отпор кој го занемарувам, кога јадам – гризам, кога галам – притискам, кога водам љубов никако не сум агресивна, освен при ова и она и скоро се,

кога мислам… што?!

Можам ли да бидам барем неагресивна во телепатијата?!

Да пратам некоја енергија без нарушување на било што друго. Без енергија. Без бран. Без материја.

Мислам дека сепак, ќе бидам помалку агресивна кога ќе умрам.

Но не сосем.

јануари 2, 2010

нови почетоци

Зачувано под: лично — gersanina @ 12:56 am and

ах…

нов усовршен простор

бесплатен, а мој…

еден од убавите нови почетоци

во Новата

среќно на сите што ќе ги видат овие редови…

посреќно и на сите други кои не знаат дека сум им посакала

баш се чувствувам универзално …

ммм

декември 29, 2009

ПРИЛОГ КОН СТАТИСТИКА – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

Зачувано под: поезија — gersanina @ 1:52 am and

Од сто луѓе

такви што се подобро знаат
- педесет и двајца,

при секој чекор несигурни
- скоро сите останати,

спремни на помош,
доколку не потрае долго
- дури четириесет и деветмина,

секогаш добри,
оти поинаку не знаат
- четворица, може и петмина,

склони за восхит без завист
- осумнаесетмина,

измамени
од младоста која минува
- горе долу шеесетмина,

со кои шега нема
- четириесет и четворица,

кои живеат во постојан страв
пред некого или нешто
- седумдесет и седуммина,

способни за среќа
- највеќе дваесетмина,

безопасни поединечно,
подивени в толпа
- сигурно повеќе од половина,

свирепи,
кога околности ќе ги примораат
- подобро ова да не се знае
дури ни приближно,

мудри по штета
- не многу повеќе
од мудрите пред неа,

тие што ништо од животот не земаат освен нешта
- триесетина,
иако би сакала да грешам,

свиткани, оболени
и без светло во мракот
- осумдесет и тројца
порано или подоцна,

праведни
- прилично многу оти се триесет и петмина,

ако таа особина се поврзува
со напорно разбирање
- тројца,

за сочуство достојни
- деведесет и деветмина,

смртни

- сто на сто.

Број, кој засега на промена не подлега.

 

Препев од полски: Владимир Василевски

 

преземено од: literatura-bella.blogspot.com

ноември 13, 2009

ден

Зачувано под: лично — gersanina @ 9:30 am and

не садам дрва

садам тикви

ноември 12, 2009

пцујам

Зачувано под: лично — gersanina @ 10:59 am and

во себе

цел ден

планирам насочување на бесот

навнатре

или

нанадвор

октомври 27, 2009

детски тепачки

Зачувано под: раскази — gersanina @ 11:29 am and

- Мамо, мамо, денес едно дете во школо ме натепа! – се пожали Дејан еден ден после часовите, целиот во гребнатинки по лицето и рацете.

- Кое дете, како, зошто? – во паника дотрча мајката.

Се испостави дека едно дете во одделението ги тепа сите деца. Без причина, помини-замини – удри. Шлаканици, гребнувања, боксови, клоци, или барем погрдни зборови, кога не може нешто друго. И девојчињата не беа поштедени. Дури и за време на часовите.

Почна мачно трчање по педагози, директори, школско обезбедување, вонредни родителски состаноци, разговори со мајката и таткото на детето, но без промена. Детето стануваше полошо и полошо. Наставничката солзи лееше. Се жалеше дека не може да држи настава, дека не знае што уште да прави и каде да се обрати.

Поминаа две години. Детето не го избркаа од школо. Неговиот татко им се закануваше на налутените родители на другите деца дека ќе ги тепа и тој нив, дека има врски, дека не смее никој да му го чепне детето, дека другите деца сами си го бараат… Џабе состаноци, единстви кај дригуте родители, потпишување петиции, обраќање кај медиуми, по сите патишта на системот. Децата од тоа одделение не сакаа да одат во школо, наставата не одеше, понекогаш и учителката, и педагогот ќе добиеја по некој бокс во стомак ако се обидеа да го опоменат или искараат проблематичното дете. Не помогнаа ни социјалните служби.

Децата пак, гледајќи дека никој не им помага, сами се организираа. На еден голем одмор, сите 28, го обиколиле детето што дотогаш ги тепаше и им имаше влеено страв во коски, и почнаа крвнички да го тепаат. Се Што му собирале тие години му го вратија. И се силеа еден со друг, дури и кога детето падна на подот на училницата продолжија. Клоци по стомак, по глава, во грб, го газеа по рацете и по нозете… нивната одмазда беше засилена од радоста што се сите заедно.

Детето го однесоа во болница.

Следниот ден на родителската не присуствуваа неговите родители. 

Другите родители потајно ликуваа. А и не толку тајно. 

- Така и му требаше! – викна прва една мајка и ја прекина непријатната тишина.

- Никој не сакаше да го реши проблемот, ни педагогот, ни директорката, ни полицијата, ни општината, никој… вака децата сами си го решија проблемот. – смирено одобруваше еден татко.

- Ама мојот син стана тепач, рече една млада мајка, тој беше толку мирен, а сега и пред маало се тепа, продолжуваше таа да очајува.

- А прашал ли некој како е детето, скоро шепна една баба.

- Не знам и не ме интересира, подобро му е никогаш да не се врати во ова одделение. – гордо викаше еден татко.

- А ако добиеме некоја тужба? – рече учителката. Јас само на 5 минути ги оставив… се плашеше таа понатаму.

- А што да им речеме на нашиве деца? – се мислеше наглас друга мајка, да ги казниме што го натепале или да ги пофалиме. Не знам што да речам, како да го воспитувам син ми.

- И јас на ќерка ми и имам речено, да не почнува прва, но ако некој ја чепне, веднаш да му врати.

- Ама можеле да го убијат. Тие многу гледаат филмови со тепање, кечери, цртаните филмови им се агресивни… Гледајте како самите се договориле и сите го мавале…, не знам што ќе се прави понатамму… – се двоумеше една мајка.

- Видете, јас мислам дека и не е детето криво, којзнае како му е дома, видете го татко му каков е, агресивен, навредува, прост, се заканува со тепање, којзнае што му прават дома, дали топа дете има почувствувано љубов, внимание, грижа… или и него дома го тепаат… – првпат почна една мајка да го сожалува… Се надевам бргу ќе излезе од болница. Можеби тој настан ќе го смени, ќе го освести.

- Како и да е, подобро нека не се враќа овде, нека го носат во друго школо…

октомври 21, 2009

јаболка

Зачувано под: фото — gersanina @ 11:05 am and

бербата 2009 во бавчите преспанскиoktomvri 2009 277.jpgoktomvri 2009 280.jpgoktomvri 2009 283.jpgoktomvri 2009 278.jpgoktomvri 2009 282.jpgoktomvri 2009 288.jpgoktomvri 2009 303.jpgoktomvri 2009 300.jpgoktomvri 2009 304.jpg

октомври 5, 2009

насловна, предлози

Зачувано под: блогосфера — gersanina @ 12:50 pm and

Драги блогери,

помагајте (ако сакате?!)!

Од оправдани (и самоменепознати) причини три дена немам ништо прочитано од Блогерајов. 

Доколку имате предлог за пост што Ви се бендисал и го сакате на насловна, а е напишан на 2, 3, 4 или 5 октомври (или од почeтокот на постоењето на blog.com.mk до моментов), пратете го предлогот во коментар или приватна порака. Не е битно која тема. Слободно предложете си и свој пост.

Поздрав.

 

септември 23, 2009

ману е институција

Зачувано под: сеир — gersanina @ 10:31 pm and

- предлог: ману да го смени името, своето, во Пану.

- непокорни, смели…

- подобро мануевците да седнеа и да напишеа рамковен бр.2

- наградно прашање: што фајде од ману досега?

ману.jpgиницијатива: – да се распушти.

 

 

септември 16, 2009

не знаеш како ќе те фатат

Зачувано под: сеир — gersanina @ 11:08 am and

весело, весело…

Следна страница »

Powered by WordPress. WPMU Theme pack by WPMU-DEV.